Вечер со љубениот

Мирисаше на дим.Облак од чад се издигаше над снежните и замрзнати улици на една населба далеку од бучноста на градот.Стоев сама покрај еда црква,покрај еден Божји дом ,чекајќи го него и заблагодарувајќи му се на Бога за доживеаната среќа.Димот кој беше предизвикан од многуте огномети и петарди фрлени на ладната и замрзната улица почна да открива човечко тело кое ми се наближуваше.Како доаѓаше ми стануваше се појасен и попознат.Односно тоа за мене беше најпознатиот,кој не можев да не погодам чиј е.Ми се наближуваше со раскопчана јакна,а под неа наѕирашенеговата кошула,прекрасна ,со црвени коцки,во боите на клубот на кој ќе му остане верен до крајот на неговиот живот.Тој од,тој е оној кој ме одведе до него,го правеше мангуп во моите очи,силен,привлечен….Една насмевка се разви на неговото лице која веднаш ме стопи и натера и јас да се насмевна.Не делеа неколку мали чекори…Потоа следеше една прегратка,долга,слатка онаква каква што ме натера да посакам засекогаш да останам во неа,изгубена,отпорна на сите проблеми.Добив и еден бакнеж,а потоа го чув кога ми рече „Дај ми ја раката“.Ме држеше силно,ме загреваше со неговото топло тело.За миг го почувствував толку близок,толку мој….Се губевме полека во темнината на ноќта,предавајќи се на долгата ноќ,зачинета со многу песни,бакнежи ,прегратки…Но велат се што е убаво кратко трае.Нашата разделба втуваше уште многу вакви ноќи.Но тоа не се случи.Остана сеќавањето на таа неповторлива вечер,засекогаш врежана во моите мисли…

Advertisements

Еден пријател за цел живот….

friends

Велат лошо е чувството кога работите излегуваат од контрола а ти не можеш да ги вратиш…не го имав ова осетено на своја кожа до сега но еве дојде и тој ден.Не се грижиме за проблемите се додека тие не не стигнат нас.Еве сега јас губам еден пријател.Не обичен пријател.Еден од оние за пријатели за цел живот.Барем така мислев дека е до пред некое време…Хмм,тешко е да се чувствуваш немоќен.Го гледам како пропаќа во канџите на модерните пороци од дваесет и првиот век,немоќна да сторам нешто за да го променам тоа.Тој станува таков каков што мислев дека никогаш нема да стане…без грижа и совест.Јас барем го познавам него,додуша го познавав…Он не беше таков.Он беше една од најдоверливите личности во мојов живот за кој рака во оган ке подадев…Но влијанието на општеството е големо.Сега е модерно да пушиш цигари,зимаш дрога и алкохол,се тепаш на  улиците против своите браќа и сестри…Бидејќи колку и да не признаваме сите сме исти создадени од Бога,со негов дар,Животот.Треба да го искористиме максимално да го преживееме но на убав начин.Не да го уништиме предвреме.Но жално е кога ќе помислам дека се помалку искрени и поштени луѓе се на светов.Веќе од никого помош не  се очекува без нешто за возврат …ама луѓето како што сум јас остануваме со надеж дека еден ден ќе доживееме вистинско пријателство и љубов кое ќе ни го обележи животот со еден убав период.Никој не знае колку сакам да помогнам многу да се спасат пд длабоката пештера на неубавите нешта од кои остануваат зависни денес се повеќе.Така и мојот пријател.Тој не ме слуша.Нема ни да ме послуша.Не сака да ја прими помошта и пријателството кое му го нудам.Се прашувам дали јас сум крива за тоа,дали не му пружив помош тогаш кога му беше потребно…Но не се сеќавам кога не сум била тука за него.Од мојот 15-годишен животен период имам 10 годишно секојдневно пријателство со него.Но он реши да чекори друг пат.Оној каде што јас за жал нема да го следам…Ќе го оставам на неговата судбина бидејќи јас сторив се што е во моите раце за да му помогнам…а сега доколку он одлучи да ме послуша јас повторно ќе го примам под мојот штит.Таму ги чувам сите оние кои безусловно ги сакам и почитувам секогаш секаде без разлика на ништо.Моето семејство ,блиски пријатели и она посебно место за посебната личност во животот на секоја девојка…љубовта на нејзиниот живот.Тоа е местото кое ќе остане празно се до тогаш кога вистинската личност не се појави и го пополни,а сега сум среќна и вака.Потребни ми се само моите пријатели и ништо друго.Треба сите да се радуваме на работите кои ги имаме и да му благодариме на Бога што постоиме.Благодарам за се.Благодарам што постојам денес и што успевам своите чувства да ги запишам на листов хартија.Ти благодарам Боже.Ти си нештото кое ми дава утеха и го исполнува мојот живот од првиот мој здив,од првиот пристап на овој земен свет.Тебе ти го должам животот и вечно ќе сум ти благодарна што си ми го подарил.Како таков ќе го  чувам се до оној момент кога Ти ќе одлучиш да ми го земеш.А дотогаш се препуштам на судбината…нека биде твоја воља сега и секогаш.Така било,така и ќе биде.